Мнозинство ирци гласале позитивно за Лисабонскиот договор

Според првичните официјални резултати од ирскиот референдум за Лисабонскиот договор на ЕУ, 68 проценти од гласачите се изјасниле позитивно. Речиси сите европси лидери изразија задоволство од тоа што ирците гласале ЗА . Претседателот на Европскиот парламент, Јиржи Бузек, рече дека тоа што ирците гласале позитивно е добра вест за Европа, но според него приказната уште не е завршена