Во Ирак уапсени 140 осомничени членови на Ал Каеда

Ирачки војници уапсиле 140 осомничени членови на Ал Каеда и други сунитски арапски милитанти во изминатите четири дена во напади на северниот град Мосул, изјавија официјални претставници за безбедност на Ирак. Според нив уште стотина други треба да бидат уапсени. Мосул е последното урбано упориште на сунитските Арапи, на некои членови на Ал Каеда и членови на забранетата партија Баат. И покрај зголеменото присуство на ирачките сили во Мосул, , бунтовниците се сеуште во состојба да вршат почести, смртоносни напади во Мосул и во Нинива.