Инспекторите за нуклеарна енергија на ОН во посета на Иран

Претставници на ОН задолжени за нуклеарна енергија, ќе заминат за Иран за да се договорат за распоредот на посетите на инспекторите на новата постројка за збогатување на ураниум во близина на иранскиот град Ком, јавуваат западните новински агенции . Посетата се случува два дена откако Иран се согласи со шест светски сили во Женева да им дозволи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија пристап до постројката за збогатување на ураниум , чие постоење Иран го откри кон крајот на минатиот месец.