Вкупно 98 американски банки пропаднаа годинава

Уште три банки пропаднаа во Соединетите Држави, со што годинава вкупно 98 американски банки се затворени. Главните проблеми на банките беа погрешните кредити и лошата ликвидност. Инаку, Министерството за труд објави и дека во изминатиот месец уште 263 илјади луѓе останале без работа, па сега стапката на невработеност во Соединетите Држави изнесува 9,8 насто.