Невработеност во САД највисока од 1983 година

Во Содинетите Држави стапката на невработеност, порасна на 9,8 проценти, што е највисоко ниво во изминативе 26 години. Министерството за труд денеска соопшти дека само во септември беа затворени 263 илјади работни места. Во Соединетите држави од декември 2007 година досега, односно од почетокот на рецесијата, се затворени над 7 милиони и 200 илјади работни места.