Израел ќе ослободи 20 палестински затворенички

Израел се подготвува да ослободи 20 палестински затворенички во замена за видео снимка со која се докажува дека е жив израелскиот војник кој пред три години беше киднапиран од милитанти на Хамас. Во замена за војникот Хамас бара ослободување на стотици палестински милитанти кои се наоѓаат во израелски затвори. Затвореничките ќе бидат ослободени во текот на викендот.