Приштина го поздрави ЕУ пратеникот за северно Косово

Премиерот на Косово Хашим Тачи го поздрави наименувањето пратеник на Европската унија за северот на Косово, јавуваат медиумите во Приштина. Тачи оценил дека поставувањето на италијанскиот амбасадор на Косово Михаел Џифони на таа функција го покажува зголемениот интерес на Брисел за стабилизирање на состојбата во тој дел на Косово каде што србите се мнозинско население. Според него, влада на Косово ќе ги продолжи инвестициите на северот за да овозможи враќање на расселените.