Во Чеченија убиени 8 бунтовници

Чеченските власти соопштија дека осуммина бунтовници биле убиени во операција која била лично раководена од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Акцијата била спроведена во близина на границата со Дагестан и во неа, како што изјави самиот Кадиров, немало полициски жртви.