Нов земјотрес на Тихиот Океан

Земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала, бил забележан денеска кај островите Тонга и Самоа во Тихиот океан, 48 часа по силниот потрес и цунамито што го погодија истото подрачје кога загинаа 155 луѓе. Центарот за предупредување кој се наоѓа на Хаваи, не издаде предупредување за појава на цунами.