Во земјотресот во Индонезија над 770 загинати

Најмалку 770 луѓе загинале во силниот земјотрес што го погоди индонезискиот остров Суматра, соопштија владини официјални претставници. Се стравува дека илјадници лица се затрупани под урнатите згради во градот Паданг, кој беше најпогоден од земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтер. Уште неколку земјотреси со магнитуда од 6,8 степени вчера ја погодија западна Индонезија, но немаше информации за предизвикани штети.