До крајот на месецов нова рунда преговори со Иран

Претставниците на Иран и на 6-те светски сили ги завршија денешните преговори во Женева со договор да се состанат уште еднаш до крајот на месецов. Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана изјави дека на следниот состанок ќе се разговара за нуклеарното прашање и оти наскоро претставници на Обединетите Нации ќе ја посетат новата иранска постројка за збогатување ураниум.