Падна владата на Романија

Лидерот на романските социјал демократи Мирче Џоана изјави дека коалиционата влада на Романија се распадна по оставката на министрите од неговата партија. Станува збор за солидарност со министерот за внатрешни работи Дан Ника, кој е отпуштен од премиерот – либерал демократ Емил Бок, поради неговите коментари за потенцијални неправилности на престојните претседателски избори на 22 Ноември.