Обама и натаму ќе ја разгледува новата стратегија за Авганистан

Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама имал продуктивни разговори со неговите воени и безбедносни советници за наредните чекори во Авганистан и во Пакистан. По три-часовниот состанок, државниот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Обама и во наредните неколку недели ќе ја разгледува стратегијата за тој регион. Клучно прашање е дали и уште колку дополнителни американски војници да бидат испратени во Авганистан.