Нов силен земјотрес, со јачина од 6,8 степени ноќеска ја погодил западна Индонезија, јавија агенциите. Според владини претставници во Џакарта, во вчерашниот земјотрес, кој беше со јачина од 7.6 степени, настрадале околу 470 луѓе. Се претпоставува дека илјада луѓе се затрупани во урнати згради во крајбрежниот град Паданг.