Раст на глобалната економија за 3,1 насто, проценка на ММФ

Меѓународниот Монетарен Фонд соопшти дека светот се опоравува од економската криза побрзо од очекуваното. Затоа ММФ сега предвидува раст на глобалната економија за 3,1 насто, додека претходно предвидуваше 2,5 насто. Се проценува дека стимулативните пакети на државите помогнале да се намалат ризиците врз финансиските пазари.