Студентски протест против Енциклопедијата во Тетово

Студенти од Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа и граѓани, денеска протестираа низ тетовските улици во знак на револт поради содржините во, како што ја нарекоа „псевдо македонската енциклопедија“.
Протестот почна на пладне со собир на студентите пред двата универзитета.
Организаторите на протестот бараат енциклопедијата да се повлече поради, како што велат, истакнатите невистини.
Протестот помина без инциденти со големо полициско обезбедување.