Иран да биде поотворен за својата нуклеарна програма

Соединетите држави соопштија дека на предвидените разговори на шестте западни сили со Иран што утре треба да се одржат во Женева планираат да дискутираат за новата иранска тајна постројка за збогатување ураниум. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека останува на Иран да демонстрира отвореност кон светот за да се види дали неговата нуклеарна програма е дизајнирана за електрична енергија или пак станува збор за нуклеарно оружје. Вчера Иран порача дека не сака да разговара за новата постројка.