ММФ со помала проценка за загубите од кризата

Загубите од светската економска криза, според најновите проценки, ќе изнесуваат нешто помалку од 3,5 трилиони долари. Претходната проценка беше 4 трилиони долари. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд во кој се додава дека тоа било постигнато по заедничките напори на владите и на централните банки од целиот свет за справување со економската криза.