Силен земјотрес и цунами во Американска Самоа

Најмалку 40 лица загинале, а повеќе се водат за исчезнати во цунами предизвикано од силен земјотрес во јужнопацифичкиот архипелаг Американска Самоа. Според локални официјални претставници, земјотресот со интензитет од 8 степени според Рихтер предизвикал огромни бранови кои разурнале цели села.