Јушченко вети заштита на местото на масакар врз евреите

Откриен е споменик на жртвите на нацистичкиот масакар кај местото Бабај Јар во близина на Киев. На одбележувањето на 68-годишнината од масакарот, украинскиот претседател Виктор Јушченко, денеска, вети дека ќе го заштити местото. Реакциите на Јушченко доааѓаат по критиките на плановите за изградба на хотелски комплекс во близина на местото.
Во 1941 година таму се убиени речиси 35 илјади евреи за 48 часа. Во Бабај Јар се пронајдени повеќе од 100 илјади човечки трупови.