12 цивили загинаа од поставена бомба во Кандахар

Најмалку 12 цивили беа убиени кога автобус налета на поставена бомба во Кандахар – Авганистан. Меѓу жртвите има жени и деца. Локалните власти ги обвинија талибанците за поставената бомба. Талибанците не се огласија.