Расмусен: во Авганистан работите мора да се променат

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека работите во Авганистан ќе мора да се променат, за САД и сојузниците да победат во војната. Тој додаде дека за зголемување на безбедноста и стабилноста во земјата потребно е дополнително да се обучат авганистанската војска и цивилите. Шефот на Алијансата не одговори на прашањето дали е потребно да се испратат повеќе американски војници во земјата. Неодамна американскиот претседател доби барање од главниот командант во Авганистан за испраќање на уште десетици илјади американски војници во земјата.