Прогноза за времето денеска- попладне наоблачување

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб локален дожд особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува претежно сончево време, повремено ќе се зголемува облачноста, а можно е локално краткотрајно да проврне. Утринската температура се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 26 степени.