Пакистанскиот претседател во посета на Италија

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари пристигна во Рим, каде што ја почнува тридневната посета на Италија. Предвидено е тој да се сретне со италијанските власти и со Папата Бенедикт 16.
Утре, Зардари се среќава со претседателот Џорџо Наполитано и со министерот за надворешни работи Франко Фратини. Во среда, на распоредот се средбите со премиерот Силвио Берлускони и претседателот на Долниот дом на парламентот Џанфранко Фини.