Властите во Хондурас ги ограничуваат човековите права

Властите во Хондурас издадоа декрет со кој можат да ги забранат сите неодобрени јавни собири, да апсат луѓе без предупредување и привремено да затвораат медиуми. Според Владата, ваквите мерки за ограничување на човековите права се одговор на повикот на соборениот претседател Мануел Зелаја на граѓански отпор. Зелаја, кој е засолент во бразилската амбасада во Тегусигалпа, ги повика неговите подржувачи денеска да одржат масовен марш, оценувајки дека привремената влада треба да падне.