Иран тестира проектили од типот Шахаб

Иранската Револуционерна Гарда денеска тестирала два проектила од долг дострел. Според иранските медиуми, била истрелана и ракета од типот Шахаб 3, со дострел од 2 илјади километри. Вчера на воената вежба, наречена Пророк 4, беа истрелани ракети од типот Шахаб 1 и Шахаб 2, кои имаат дострел меѓу 300 и 700 километри. Иранската армија соопшти дека со оваа вежба сака да му покаже на светот дека Иран е подготвен да одковори на каква било воена закана.