Ангела Меркел победник на изборите во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел, според изборните резултати ќе остане уште еден мандат на чело на Владата. Коалицијата на конзервативната партија, на христијанско- демократската унија и на баварската христијанско- социјалната унија, освои 33,6 отсто од гласовите, што е за 2 насто помалку од претходните избори, но доволно за состав на Влада. Старо- новата канцеларка истака дека новата влада има пред себе многу работа и многу проблеми кои мора да се решат. Конзервативците заедно со Социјалдемократската партија на Германија, од 2005-та владееја во таканаречена Голема коалиција, но на вчерашните избори социјалдемократите доживеаа голем пораз, добивајќи само 23,7 проценти од гласовите, што е нивни најлош резултат по Втората светска војна.