Турција ќе ги продолжи операциите против Курдите во Ирак

Турската Влада ќе побара од парламентот да ја обнови одлуката за операции на турската армија против курдските бунтовници на територијата на Ирак, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Одлуката за операции против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) истекува на 17 октомври. Таа треба да биде продолжена на предлог на Владата од Парламентот, каде што Партијата на правдата и развојот на Ердоган има силно мнозинство. Турција тврди дека во регионот на северен Ирак засолниште пронашле над 2000 курдски бунтовници, кои оттаму вршат напади врз турска територија.