Ограничување на граѓанските права во Хондурас

Привремената Влада во Хондурас реши да преземе чекори со кои ќе се ограничат цивилните права по ескалацијата на немирите и конфронтацијата со протераниот претседател на таа земја Мануел Зелаја. Владата донела одлука со која се забрануваат „недозволени„ јавни собири, ќе се апсат луѓе без дозвола за движење, и привремено затворање на медиумите. Владата во Хондурас му постави 10- дневен ултиматум на Бразил, време за кое тие треба да одлучат што ќе прават со Зелаја, кој побара засолниште во бразилската амбасада. Портпаролот на в.д. претседателот на Хондурас Роберно Мичелети побара бразилските власти веднаш да донесат мерки со кои ќе се осигура дека Зелаја нема повеќе да го користи своето влијание и да поттикнува немири во Хондурас. Зелаја беше протеран во јули годинава, откако го прекрши законот и се обиде да го продолжи својот мандат.