Бомбашки напад врз полициска станица во Ирак

Тројца ирачки полицајци загинаа, а неколкумина се ранети во самоубиствен напад со автомобил-бомба во градот Рамади во западен Ирак. Бомбашот го активирал експлозивот пред влезот на една полициска станица.
Рамади е главен град на провинцијата Анбар и е претежно населен со сунити.