Иран ќе тестира ракета со дострел од 2000km

Иран соопштува дека утре ќе тестира ракета Шабаб 3 за која воените аналитичари велат дека може да стигне до Израел или до американските бази во Персискиот залив.
Државното радио објави дека ракетата земја-земја ќе биде тестирана како дел од воените вежби на иранската револуционерна гарда, кои почнуваат денеска.
Иран вели дека ракетите Шабаб 3, кои досега се тестирани неколку пати, имаат дострел од 2000 километри.
Утрово, Иран тестираше две ракети со краток дострел.