Меккристал во Авганистан чека дополнителни војници

Командантот на западните сили во Авганистан, генерал Стенли Меккристал се врати во Кабул, откако беше во Европа за лично да им го предаде барањето за зголемување на бројот на војници во Авганистан на американските и на НАТО команданти. Портпаролот на Меккристал соопшти дека тој им го предал барањето на началникот на американскиот генералштаб, адмиралот Мајк Мулен и на началникот на генералштабот на НАТО, адмирал Џејмс Ставридис.
Не се соопштува колку дополнителни војници побарал Меккристал.