Иранската нуклеарна постројка ќе проработи наскоро

Шефот на кабинетот на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, Мохамад Голпајегани изјави дека новата постројка за збогатување ураниум наскоро, со божја помош, ќе биде операционална. Вчера Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека од Иран добила допис дека гради уште една нуклеарна постројка. До ова дојде само неколку дена пред почетокот на преговорите меѓу Иран и шестте светски сили во Женева. Израел денеска оцени оти втората постројка покажува дека Иран има намера да дојде до нуклеарно оружје.