Гвантанамо не се затвора во јануари?

Белата Куќа навести дека не би можело да го затвори американскиот воен затвор на Гвантанамо, на Куба до јануари идната година, како што претходно вети претседателот Обама. Се наведува дека постоеле некои тешкотии во исполнувањето на потребните законски и логистички услови за тоа. Во овој затвор формиран по терористичките напади врз Соединетите држави во 2001 година моментално има 225 затвореници.