Убиени 12 милитанти во Пакистан

Пакистански разузнавачи соопштија дека беспилотен американски авион истрелал две ракети врз милитанско засолниште во северозападен Пакистан. При тоа биле убиени 12 милитанти. Цел на нападот најверојатно била групата на Џалахудин Хакани кој е близок со талибанците а е познат од времето кога се бореше против Советскиот Сојуз. Неговите луѓе ги напаѓаат западните сили преку границата во Авганистан.