Иран има уште една постројка за збогатување ураниум

Ирански официјален претставник објавил постоење и на втора постројка за збогатување ураниум во Иран, јавија западните агенции. Ваквата информација на Иран била содржана во писмото на Техеран до шефот на Меѓународната Аганција за Атомска Енергија, Мухамед Ел Барадеи. Досега беше познато дека Иран има само една постројка за збогатување ураниум.