Аматер пронајде закопано англиско богатство

Аматерски трагач по богатство опремен со детектор за метал го пронајде, како што велат експертите, досега најголемото откриено англо-саксонско богатство. Трагачот, пред два месеци, нашол 1500 парчиња злато и средбро на фармата на негов пријател во западна Англија. Предметите датираат од 7 век, но не се соопштува нивната вредност.
Богатството ќе му биде продадено на еден музеј, а парите ќе си ги поделат сопственикот на фармата и наоѓачот на богатството.