Севернокорејци од Виетнам бараат азил во Данска

Деветмина севернокорејци денеска, наводно, влегле во данската амбасада во Ханој во Виетнам, барајќи политички азил. Барателите на азил рекле дека посебно избегале од Северна Кореја во потрага по храна и слобода од угнетувањето.
Данското министерство за надворешни работи сооптши дека работи со виетнамските власти на наоѓање „безбедно и достоинствено решение“. Министерството не потврдува колкумина луѓе побарале азил.