Ахмадинеџад: Израел доминира со светската политика и економија

Во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го обвини Израел за нечовечка политика на палестинските територии и за доминација во политичките и економските работи во светот. Ахмадинеџад не го спомна спорот меѓу Техеран и Запад околу иранската нуклеарна програма. Тој ги обвини, како што рече, странските сили за војните, крвопролевањето, агресијата и теророт на Блискиот Исток. Многу делегации на западните земји ја напуштија салата за време на неговиот говор.