Протест против затворање фабрика на Опел во Антверпен

Неколку илјади луѓе се собраа пред фабриката на Опел во белгискиот град Антверпен со надеж дека ќе спречат затворање на фабриката. Новите сопственици на Опел, канадскиот производител на авто делови Магна и нивните руски партнери од Сбербанк, планираат да отпуштат 11 илјади вработени од фабриките на Опел во Европа. Според дел од медиумите, според тој план, може да биде затворена фабриката во Антверпен. Опел има 49 илјади вработени во фабриките во Германија, Белгија, Велика Британија и Шпанија.