Грчките партии се обединети во спорот со Македонија

Позициите на владејачката Нова демократија и на опозицискиот ПАСОК за прашањето за името на Македонија се речиси исти, оценија на синоќешниот предизборен дуел лидерите на двете партии Костас Караманлис и Јоргос Папандреу. Атина ги поддржува европските аспирации на соседните земји, но разликите околу проблемот со името со ПЈРМ остануваат нерешени. Папанадреу, пак, истакна дека ПАСОК за прашањата од национален интерес, како што е спорот за името, целосно ја поддржува Владата на Караманлис. Поставивме национална црвена линија од која нема да се повлечеме и ако станам премиер, рече Папандреу.