Инцко: влошена политичката клима во БиХ

Политичката клима во Босна и Херцеговина е влошена изминатите неколку месеци, а поголемиот дел од реформите стагнираат, оцени високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко. Тој истакна дека недостигот на доверба и дијалог меѓу политичките лидери има влијание врз работата на политичките институции, пред се на државно ниво. Инцко нагласи дека парламентот на БиХ усовил само неколку закони во изминатите шест месеци.