Палестинците работат на државноста

Палестинските власти ќе побараат статус на набљудувач во Светската трговска организација, како дел од процесот на градење на државните институции. Министерот за економија на Палестина вели дека овој чекор се презема како „подготовка за државноста“.