Кој ќе биде нов шеф на УНЕСКО?

Бугарската амбасадорка во Франција, Ирина Бокова и египетскиот минисер за култура Фарук Хосни, кои се кандидати за нов генерален директор на УНЕСКО, на вчерашниот 4-ти круг тајно гласање добија по 29 гласа. Денеска треба да се одржи последниот петти круг. Ако победи Бокова, таа ќе биде прва жена која доаѓа на чело на УНЕСКО, а доколку победи Хосни, тој ќе биде прв од арапскиот свет.