Во ОН самит за климатските промени

Над 100 светски лидери, денеска во Обединетите Нации, ќе учествуваат на специјалниот самит посветен на климатските промени. Генералниот секретар на светската организација, Бан Ки Мун, изјави дека целта на самитот е да се мобилизира политичката волја на лидерите да се согласат со новиот договор за климатските промени, кој треба да биде усвоен во декември во Копенхаген и кој ќе биде замена на протоколот од Кјото.