Претстава на курдски јазик во турски театар

За прв пат ќе се изведе претстава на курдски јазик во државен театар во Турција. Претставата ќе се изведе на 1 октомври во Дијарбакир, најголемиот град на северостокот на Турција претежно населен со Курди.
Курдскиот јазик беше забранет во Турција до 1991 година, а се уште, е забранета негова употреба во одредени сфери од јавниот живот. Во последно време Турција прави чекори за зголемувања на правата на Курдите.