Еутаназија со изгладнување

Австралиецот Кристијан Роситер, кој ја доби судската битка за правото да изгладни до смрт, почина во болница во градот Перт, на западот на Австралија. Роситер беше парализиран од вратот надоле, по доживеани две тешки сообраќајни несреќи.
Пред пет недели, судот одлучи дека тој има право да одбие да биде хранет. Парализираниот Роситер го хранеа и му даваа вода преку цевка во стомакот.