НАТО бара дополнителни војници во Авганистан

Главниот командант на НАТО силите во Авганистан генерал Стенли Мек Кристал во доверлив документ предупредува дека без дополнителни војници, борбата против талибанските бунтовници ќе заврши неуспешно. Американските медиуми јавуваат дека ова се наведувало во извештајот што генерал Мек Кристал му го доставил на секретарот за одбрана Роберт Гејтс на 30 август. Копија од извештајот објави весникот Вашингтон пост. Претседателот Барак Обама изјави дека се уште не е била донесена одлука за испраќање дополнителни трупи во Авганистан.