Недела на меѓународни состаноци на највисоко ниво

Неделата на меѓународни самити почнува со состаноците за иранската нуклеарна програма, блискоисточниот мировен процес и за глобалната економска криза, како главни теми на агендата . Американскиот преседател Барак Обама во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ќе има свое прво обраќање на 64- то заседание на Генералното Собрание на ОН, на кое ќе присуствуваат многу светски лидери. Се очекува Обама утре да одржи заедничка конференција со израелските и палестинските лидери, со намера да ги охрабри разговорите за мир меѓу двете страни. Исто така се очекува тој да има средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, како и со лидерите на Кина и Јапонија. Белата Куќа не соопшти дека очекува Обама да има средба со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој се очекува да присуствува на Собранието на Обединетите нации.