Тадиќ ја почнува посетата на САД

Претседателот на Србија Борис Тадиќ на првиот ден од неговата посета на Соединетите Американски Држави денеска во Охајо ќе разговара со претставници на српската дијаспора, како и со официјални претставници на оваа сојузна американска држава. Тадиќ вчера отпатува во САД, каде што до 26- ти овој месец ќе ја предводи државната делегација на Србија на 64- то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации.